Македонскиот одбојкарски првак Струмица, попладнево ќе го одигра реванш дуелот во ЦЕВ Лигата на шампионите против Олимпијакос.
Во Атина, стримичани отпатуваа со голема негатива од 0:3 по првиот дуел во кој противникот покажа зошто е фаворит.
Јасно е дека македонскиот шампион е пред елиминација, но во Атина ќе се обиде да докаже дека не случајно е дел од елитното натпреварување.
Капитенот Владо Милев смета дека во реваншот Олимпијакос ќе мора да се потруди повеќе за да оствари нова победа.
„Убеден сум дека во Атина ќе одиграме далеку подобро. Се разбира тие се фаворити, но на терен мора да го да ја докажаа таа фаворитската и улога да одиграат.
Мислам дека ќе им пружаме многу поголем отпор од првиот меч.
Се разбира ќе продолжиме во ЦЕВ Купот и таму веќе очекуваме навистина резултати, бидејќи најверојатно ќе играме против веќе на Капошвар која е на наше ниво.
Сметам дека тука веќе треба да очекуваме победа и барем да одиграме уште неколку натпревари на европската сцена“,
изјави искусниот Милев.
Реванш натпревар од од првото квалификациско коло, Олимпијакос и Струмица ќе го почнат од 18:30 часот.
Натпреварот ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
ОДБОЈКА | Лига на шампиони Струмица