Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Сингапур, 18-та трка сезонава во Формула 1.

Британецот до својата петта пол-позиција годинава стигна возејќи најбрзо во квалификациите на патеката Марина Беј. Тој за две десетинки беше побрз од актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул.

Од вториот стартен ред утрешната трка ќе ја почнат возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

Стартот на Гранд-прито на Сингапур е закажано за 15 часот.