Во фудбалскиот Куп на Македонија денеска се одиграа 12 од 15-те натпреварите од првата елиминациска рунда. На програмата беа дуелите од шеснаесетина финалето.

Од фаворитите, односно прволигашите, освен Работнички сите останати ја минаа оваа рунда. „Романтичарите“ беа совладани од арачиновска Шкендија со 2-0.

Листата на 16 екипи кои ќе играат во осминафиналето ќе биде комплетирана на 2 октомври. За тогаш се закажани три натпревари и тоа во терминот од 14 часот. Актуелниот освојувач и бранител на Куп трофејот, кавадаречки Тиквеш, ја прескокнаа оваа и ќе се приклучи во осминафиналната рунда.

КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/16 финале

денеска (19 септември)
СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР 0-1
НОВАЦИ – ВАРДАР 0-2
ЏЕПЧИШТЕ – ШКУПИ 0-8
ВАРДАР (Н) – АП БРЕРА 0-4
ЈЕНИ МААЛЕ – ШКЕНДИЈА 0-5
ОХРИД – БЕСА 1-5
ШКЕНДИЈА (А) – РАБОТНИЧКИ 2-0
КАРБИНЦИ – СИЛЕКС 1-4
СЛОГА Виница – СТРУГА ТЛ 0-2
КОЖУВ – АРЕСИМИ 1-2
СЛОБОДЕН СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 0-6
БОРЕЦ – ДЕТОНИТ 0-1
2 октомври (14 часот)
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ПОБЕДА – ГОСТИВАР
БАШКИМИ – ВОСКА СПОРТ