Ако се водиме по народната „денот по утрото се познава“, тогаш новата сезона на Лигата на шампионите ќе донесе големи возбудувања.
Шесте воведни натпревари одиграни донесоа големи возбудувања и многу голови.
Македонскиот тандем, Стефан Ристовски и Аријан Адеми со својот Динамо беа немоќни на гостувањето во Минхен кај Баерн. Домаќините водеа по првиот дел со 3-0, а загрепчани во вториот со два погодока рано се вратија во игра. Но тоа ги разлути Баварците, па во продолжението постигнаа уште шест гола за конечни 9-2.
Во дербито на денот на „Сан Саиро“ во Милано, Ливерпул со пресврт го победи Милан. домаќините поведоа во 3.минута со голот на Пулишиќ. Ливерпул брзо се врати во игра и на полувремето веќе имаше предност. Конате во 23-тата и Ван Дајк 41.минута беа стрелци на головите. Во вториот дел во листата на стрелци се запиша и Собослај (41) за победа на Ливерпул од 1-3.
Бранителот на шампионскиот трофеј Реал се изнамачи во дуелот со германскиот првак Штутгарт. „Кралевите“ притискаа, создаваа шанси, па на крајот заслужено се радуваа на победа со 3-1.
Во првиот дел немаше голови. Реал поведе на самиот старт на второто полувреме (46) со голот на Мбапе. Во 68-та минута Ундав израмни на 1-1. Течеше 83-тата минута кога по нафрлувањето на Модриќ на вистинското место беше Рудигер за 2-1. Победата на Реал, ја потврди 18-годишниот Ендрик во судиското дополнение (90+6).
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1. КОЛО
вторник
БАЕРН МИНХЕН – ДИНАМО ЗАГРЕБ 9-2
МИЛАН – ЛИВЕРПУЛ 1-3
РЕАЛ МАДРИД – ШТУТГАРТ 3-1
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – ЛИЛ 2-0
ЈУВЕНТУС – ПСВ 3-1
ЈАНГ БОЈС – АСТОН ВИЛА 0-1
Утре и задутре ќе се играат уште по шест натпревари.