Фудбалерите на Јувентус и Астон Вила ги забележаа првите победи во новоформираната Лига на шампиони!

Јувентус пред своите симпатизери го совлада ПСВ со 3:1, додека Астон Вила како гостин лесно го надигра Јанг Бојс со 0:3.

Во Торино, домаќините за само шест минути постигнаа два гола во првиот дел . Прво Лилдиз (21,минута), а потоа и Мекени (27) го најавија триумфот на „старата дама“. На почетокот на вториот дел Гонзалес (52) зголеми на 3:0. Почесниот кол за ОС го посигна Саибари во судиското дополнение (90+3).

Во следната рунда (2 октомври) Јувентус ќе му гостува на Лајпциг на Ељиф Елмас.

Астон Вила во голем стол го почна својот настап. Англискиот тим на гостувањето кај Јанг Бојс славеше со убедливи 0:3.

И на овој натпревар прашањето околу победникот беше решено во првиот дел. Во него гостите постигнаа два гола преку Телеманс (27) и Ремзи (38). Победата ја потврди Онана во 86-тата минута.