Ракометарите на кавадаречки Тиквеш со четири гола негатива се враќаат од гостувањето во Грција. Во првиот меч од првото квалификациско коло не Европскиот Куп, Тиквеш загуби од екипата на Драма со 27-31.
Домаќинот беше оној што постојано го контролираше резултатот. По првиот дел грчката екипа имаше само гол предност, но клучен беше периодот по 43-тата минута. При негатива од два гола (22-20), ракометарите на Драма направија низа од пет гола и поведоа со највисоко +7 (27-20).
Кавадарчани немаа сили да ја надополнат негативата, а се што сторија е само да го ублажат поразот (31-27).
Во редовите на Тиквеш, најефикасен беше Манасков со пет гола, а Мијатовиќ и Кофилоски постигнаа по еден помалку.
Така во реваншот закажан за 22 септември (недела), Тиквеш пред своите симпатизери, ќе треба да надополни четири гола негатива, ако сака во следната рунда.
А, во неа (второ квалификациско коло) сигурно ќе настапат Алкалоид и Охрид.