Ракометарите на Тиквеш од Кавадарци, втора сезона во низа ќе настапуваат на европската ракометна сцена.
И минатата сезона кавадарчани играат во ЕХФ Европскиот куп, а беа елиминирани во второто квалификациско коло од австрискиот Кремс.
Сега Тиквеш ќе игра во првата рунда од квалификациите, a во неа за противник ќе имаат грчки тим Драма.
Првиот натпревар ќе се игра во Грција, попладнево од 18 часот, а реваншот во во Кавадарци е на 22 септември од 19 часот.
Победникот од овој двомеч во 2.коло (квалификации) ќе игра против норвешкиот тим Арендал.
Во втората рунда на ова натпреварување ќе настапат уште две македонски екипи, Алкалоид и Охрид.