Арина Сабаленка ја освои титулата на последниот тениски Гранд-слем турнир во сезоната УС Опен. Во финалето во Њујорк, Белорусинката ја победи Американката Џесика Пегула со 7:5 и 7:5.
Откако лани загуби во финалето на УС Опен од Американката Коко Гауф , Сабаленка годинава направи чекор понатаму и во финалниот меч ја победи локалната тенисерка.
Беше тоа несекојдневен дуел, полн со последователни гемови добиени на секоја од тенисерките. Сабаленка поведе со 5:2 во првиот сет, за Пегула со три гема по ред да стигне до 5:5. Но потоа Сабаленка врза два гема во низа за воддство од 1-0 во сетови.
Белорусинката ја продолжи низата и во вториот сет и поведе со 3:0. Американката повторно се врати во игра за нејзино водство од 5:3. И кога се чинеше дека ќе има трет сет, Сабаленка со четири последователни гема успеа да го заврши мечот во два сета.
За 26-годишната Сабаленка ова е трета Гранд-слем титула во кариерата. Покрај УС Опен, таа годинава ја започна со триумф на Австралија опен, каде впрочем го освои и првиот Гренд-смен трофеј лани (2023).
Во машкото финале вечерва (20 часот) за трофејот ќе се борат Најдоброрангираниот светски тенисер Јаник Синер и Американецот, Тејор Фриц.