Со нов систем на натпреварување, викендов започнува новата сезона од женската Супер лига.

Годинава екипите 15 екипи ќе бидат поделени во три групи. По завршување на 10-те предвидени коло од првиот дел ќе бидат формирани две конкуренции. Во разигрувањето за титулата „плејофот“ ќе играат прво и второ рангираните екипи (вкупно 6) од трите групи. Останатите ќе ја формираат конкуренцијата за опстанок „плејаут“.

Во недела ќе се одиграат натпреварите од групата А. Скопје игра против екипата на Астибо, додека тимот на Чаир ќе ја пречека Стружанка во спортската сала ,,7-ми Март’’.

Од групата Б првиот натпревар е закажан денес каде Пелистер за противник го има тимот на Гевгелија. Додека во недела екипата на Металург Автокоманда гостува кај Овче Поле во Свети Николе.

Од групата Ц овој викенд ќе се одигра само еден натпревар. Вардарки гостуваат кај тимот на Деспина во Прилеп. Натпреварот меѓу екипите на Ѓорче Петров и Шампион е закажан во четврток и ќе се одигра во спортската сала ,,Христо Батанџиев’’.

СУПЕР ЛИГА ЖЕНИ – 1 КОЛО

А група
08/09/2024 СКОПЈЕ – АСТИБО 17:00 часот
08/09/2024 ЧАИР СКОПЈЕ – СТРУЖАНКА 19:00
Слободна е екипата на Ѓорче Петров 2
Б група
07/09/2024 ПЕЛИСТЕР 2012 – ГЕВГЕЛИЈА 14:30
08/09/2024 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 20:00
Слободна е екипата на Куманово
Ц група
07/09/2024 ДЕСПИНА – ВАРДАР 16:00
12/09/2024 ШАМПИОН – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 19:00
Слободна е екипата на СПАРТАК

Ивона Кимовска

СИТЕ НАТПРЕВАРИ МОЖЕ ДА ГИ ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ