Екипите на МЗТ Скопје и организаторот ТФТ ќе играат во финалето на првото издание на меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“.
Ова е епилогот по денешните одиграни натпревари во СЦ „Кале“ каде се одржува турнирот на кој настапуваат четири екипи.
Во првиот полуфинален дуел, домаќинот ТФТ славеше победа против гевгелиски Кожув со 78-72.
Во второто полуфинале играа лутите ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Победата му припадна на сино-белиот тим, актуелниот шампион МЗТ Скопје, кој славеше со 67-52.
Така утре во дуелот за 3.место од 16 часот ќе играат Работнички и Кожув.
Во финалето закажано за 19 часот, организаторот на турнирот ТФТ ќе му се спротивстави на МЗТ Скопје Аеродром.
Овие натпревари се дел од завршните подготовки на екипите за новата сезона што ќе почне на 5 октомври. Претходно на 29 септември МЗТ Скопје и Пелистер, ќе го одиграа Супер куп дуелот.