Кошаркарскиот клуб Пелистер ќе ги пушти во продажба сезонските билети за наредната сезона, во која нашите „зелено-бели“ ќе се натпреваруваат во домашното првенство и во АБА2 лигата.

„Составен е квалитетен играчки ростер со тренер кој знае како се освојуваат трофеи, па веруваме дека се исполнети предусловите, за со Ваша поддршка да стигнеме до првиот пехар во клупската историја.

Затоа, се надеваме на полни трибини во салата „Боро Чурлевски“, за сите заедно да ги испишеме најуспешните страници во клупската историја“,

истакнуваат од таборот на КК Пелистер.

По одлука на управата, цените на билетите за следната сезона ќе изнесуваат:

Сезонски билет за сите натпревари во Првата лига и во АБА 2 до крајот на сезоната – 2.000 денари
Единечен билет за Првата лига – 100 денари
Единечен билет за АБА2 – 200 денари