Во петок и сабота КК ТФТ за прв пат ќе го организира меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“.
Тимот од скопската населба Тафталиџе, овој турнир го организира во чест на својот прерано починат фан и пријател Андреј Грковски – Тафта.
На првото издание че настапат четири македонски екипи. Покрај организаторот (домаќин) ТФТ, учество ќе земат шампионот МЗТ Скопје Аеродром, екипата на Работнички и гевгелиски Кожув.
Ждрепката ќе се одржи утре (вторник 03.09. во 20:00 часот), а директно ќе биде пренeсувана на социјалните мрежи на профилот на КК ТФТ .
Натпреварите ќе се играат во СРЦ Кале и тоа во термините :
Петок 06.09.
Полуфинале 1 18:00 ч.
Полуфинале 2 20:30 ч.
Сабота 07.09.
Натпревар за 3-то место 16:30 ч.
Финале 19:00 ч.
Карти за натпреварите ќе може да се купат на самиот влез во салата и ќе чинат 100 денари .
За сите сопственици на сезонски билети на ТФТ влезот ќе биде бесплатен ,со тоа што сите посетители ќе може да донираат средства во посебна кутија за донации.
Дел од средствата за билети ќе бидат наменети за семејството на Андреј Грковски.
„Да се погрижиме сите заедно да му оддадеме чест на прерано згасниот живот на нашиот Андреј Грковски и во фер и коректна атмосфера да ги проследиме сите кошаркарски натпревари“, порачуваат од ТФТ.
Целта е во годините што следат турнирот да постане традиционален. Домаќините најавуваат многу новини во мак баскетот и ветуваат добра забава и квалитетна кошарка за сите посетители.