Марк Маркез присети на славните денови кога беше неприкосновен во Мото ГП шампионатот. Тој доминантно ja однесе победа на патеката во Арагон, негова прва откако се пресели во тимот на Гресини.
Тоа е 86-ти триумф на повеќекратниот шампион во кариерата, а прв по 1043 дена.
Трката беше одбележана и со голем инцидент во кој беа вклучени Франческо Бањаја и Алекс Маркес. Актуелниот шампион Бањаја, на шест круга до крајот беше во голема борба за третото место со Алекс, кога двајцата излетаа од патеката и останаа без бодови.
Хорхе Мартин стигна до втората позиција и ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на Бањаја.
Хаосот во финишот го искористи Педро Акоста кој го освои третото место.