Поради настапот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација, сите натпревари од 4.коло во ПМФЛ ќе се играат денеска (сабота).

Репрезентацијата на Македонија, во понеделник ќе се собере на мини подготовки за првите два натпревари новиот циклус во Лигата на Нациите. Затоа прволигашите, наместо вообичаено во недела, своите првенствени натпревари ќе ги играат попладнево.

Во оваа „рунда“ нема да има натпревар што ќе се игра во вечерниот термин, туку сите ќе почнат во 16 часот.

Две од трите водечки екипи на табелата, водено и не поразени до сега ќе играат на гостински терен.

Најинтересно се очекува да биде во Кратово каде гостува Шкупи, како и во Тетово каде водечката Шкендија го пречекува битолски Пелистер.

Шампионот Струга ТЛ е домаќин на струмичка АП Брера, додека Вардар ќе охридска Воска Спорт. Во Кавадарци, Тиквеш ќе игра против второ пласираниот Гостивар.

Во последниот меч, новајлијата Беса ќе го угости трето рангираниот Работнички.

Сите натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПМФЛ 4.КОЛО (16 часот)

СИЛЕКС – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР
БЕСА – РАБОТНИЧКИ