По долги години минати во редовите на Фени Индустри, поранешниот македонски репрезентативец Дарко Соколов го напушта Кавадарци.

Искусниот бек ќе продолжи да настапува во сини дрес, но сега како член на екипата на Гостивар.

Родениот кочанчанец е третото ново име во таборот на гостиварци. Претходно тие го ангажираа американскиот плејмејкер Ксавиер Родос, како и српското крило Младен Грушановиќ.

Во составот потврдено е останувањето на бекот-шутер Максим Митевски.

На клупата како нов предводник (тренер) ќе биде Љупчо Малинов со кого новото засилување Соколов имаа соработка во Кавадарци.