Машката македонска одбојкарска репрезентација вечерва ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2026-та.
Во супер позитивна атмосфера и со голем мотив за триумф македонските одбојкари ја пречекуваат селекцијата на Грција.
Победа ќе значи огромен исчекор кон пласман на четвртиот во низа настап на европските шампионати, иако следното лето ќе се играат возвратните натпревари.
Мала предност за црвено-жолтите е што веќе одиграа еден меч. Во него убедливо го добија на гостувањето во Тбилиси победувајќи ја Грузија со убедливи 3-0. За противникот вечерашниот ќе биде првиот во квалификациската „Ф“ група.
Ова може да биде клучен меч за пласман на Европскиот шампионат. Затоа од таборот на македонската репрезентација ја повикуваат публиката да дојде во поголем број и да им даде поддршка.
Натпреварот Македонија – Грција ќе се во СЦ „Јане Сандански” во терминот од 20.15 часот, а ќе може да го гледате низ директен пренос на МРТ3 (овде).