Машката одбојкарска репрезентација на Македонија е поразена од Грција во натпревар од квалификациите за ЕП 2026-та година.

На мечот одигран во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, нашиот јужен сосед славеше со 3:1 во сетови.

Иако нашите одбојкари одлично го одиграа првиот сет и го добија со 25-15, сепак во продолжението одиграа далеко под очекуваното.

Во вториот сет Грците возвратија си 25-18. Третиот беше најнеизвесен, но му припадна на противникот со 25-23. Тоа дополнително ги разниша напите редови, па гостите го искористија тоа, го добија сетот со 25-20, а мечот со 3:1.

Никола Ѓорѓиев со 25 поени беше најрасположениот македонски поентер. Љафтов мечот го заврши со 15, а Савовски со 13 освоени поени..

Квалификациите ќе продолжат следното лето, кога прво ќе ја пречекаме Грузија на домашен терен, а потоа ќе гостуваме кај Грција.