Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Холандија, 15-та трка во сезоната во Формула 1.
Британецот до својата втората пол-позиција сезонава, стигна со три и пол десетинки пред миленикот на локалната публика и актуелен шампион Макс Верстапен.
Во вториот стартен ред ќе бидат Оскар Пјастри од Мекларен и Џорџ Расел од Мерцедес четврти.
Стартот на утрешната трка за големата награда на Холандија е во 15 часот.
Во Генералниот поредок водечки е Верстапен (277) со 78 бодови повеќе од Норис (199).