Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Албанија во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Подградец.

Велевски во 11. минута прв се закани по голот на противникот. Во 16. минута Македонија имаше уште една добра можност што не успеавме да ја реализираме. Албанија во 34. минута постигнува погодок за водство од 1:0.

Во 74. минута Стојанов ја имаше најдобрата прилика за Македонија, но не успеа да погоди. Подобрата игра ја крунисавме со погодок во 80. минута. Георгиевски успеа да реализира за 1:1 по една одлична наша акција.