Женската одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва во Скопје го загуби натпреварот од првото коло од квалификациите за Европското првенство 2026 година. Репрезентацијата на Австрија слевеше со 3:0 во сетови (25:14; 25:17 и 25:20).
Првите два сета репрезентативките на Австрија ги добија со сигурна игра, а во третиот сет Македонија се појави во нешто подобро светло и имаше водство од четири поени во неколку наврати последен пат беше 14:10, а по 15:12 Австрија направи серија од 5-0 и со тоа го презеде водството 17:15 и на крајот успеа да го освои и третиот сет.
Репрезентацијата на Македонија следниот натпревар го игра на 28.август на гости против репрезентацијата на Грција.