Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија шестиот европски Суперкуп откако вечерва во Варшава ја совладаа екипата на Аталанта со резултат 2:0.
„Кралскиот клуб“ на тој начин стана апсолутен владетел на Европа и клуб со најмногу трофеи и во ова натпреварувањe.
Победникот беше решен во вториот дел од натпреварот и тоа за неполни десет минути.
Се играше 59.минута кога Винисиус се проби по левата страна, а Федерико Валверде во вистинско време се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата на ривалот.
Поминаа само девет минути кога „Кралевите“ повторно постигна гол. По акцијата на Винисиус и Белингем не му беше тешко на Килијан Мбапе во своето деби да го постигне првиот свој гол за Реал.
Сега Реал има шест вакви трофеи еден повеќе од Барселона и Милан.