Одбојкарите на Полска се првите финалисти на машкиот олимписки турнир во Париз.
Во првото полуфинале, кое изобилуваше со атрактивни потези и поени, а кое донесе голема неизвесност и пет сета поумешни беа Полјаците.
Тие го добија мечот со 3:2 по сетови. Првиот и четвртиот сет им припаднаа на полските одбојкари (25-23 и 25-23), а вториот и третиот на Американците (27-25 и 25-14). Во решавачкиот петти сет, Полјаците имаа повеќе нерви и концентрација па го добија со 15-13 за конечни 3:2 во сетови.
кој ќе биде нивни противник ќе дознаеме по второто полуфинале што ќе почне од 20 часот. Во него актуелниот олимписки шампион и домаќин Франција ќе игра против светскиот и европски првак Италија.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА