Светскиот и европски шампиони Италија со голем пресврт ја совлада Јапонија и обезбеди полуфинале на  олимпискиот турнир за одбојкари.

Јапонците има за што да жалат. Ги добија првите два сета, а во третиот имаа три  типмеч топки. Не фи искористија па им дозволија на Азурите да се вратат во игра изеамнувајќи на 2:2 во сетови. Во решавачкиот уште една меч топка не реализираа Јапонците, а тоа италијанските одбојкари знаеја да го казнат. Го добија сетот со 17-15, а мечот со 3:2.

Италија за противник во полуфиналето ќе го има подобриот од дуелот Франција- Германија.

Последниот четвртфинален меч САД – Бразил ќе го даде противникот на Полска во полуфиналето.

ОИ ПАРИЗ 2024 | ЗАВРШНИ НАТПРЕВАРИ РАСПОРЕД by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА