Алиеш Еспаргаро ќе ја има првата стартна позиција на утрешната трка во Мото ГП што ќе се вози за големата награда на Велика Британија.
Шпанецот во нов рекорд на патеката Силветстон, беше најбрз на денешните квалификации, па утре ќе стартува од пол-позицијата.
Во првиот стартен ред, но зад Шпанецот, ќе бидат Италијанцоте, Франческо Бања и Енеа Бастианини ( +0,384 ). Вториот ред ќе го пополнат Хорхе Мартин, Алес Маркез и Бред Биндер.
Актуелниот шампион Бањаја е лидер во Генералниот пласман пред оваа трка со 222, само 10 побеќе од Хорхе Мартин (Прамак Дукати). По нив следуваат Марк Маркез (Гресини Дукати) 166, Енеа Бастианини (Леново Дукати) 155 поени….
Стартот на утрешната трка е закажан за 16 часот.