Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија (У18) ја совлада Ирска во првиот натпревар на ЕП во Скопје. Во воведниот натпревар од „Ц“ групата, а во „Б“ дивизијата на првенството во Скопје, Македонија по продолжение славеше сo 73-63.
Со борбеноста која ја демонстрираа избраниците на селекторот Горан Андреевски, ја заслужија победата. Сепак, она што ќе мора да го поправат во наредните натпревари е да го намалат бројот на грешките (загубени топки 31).
Во првата четвртина Ирците беа оние кои постојано беа во водство, а го добија периодот со 17-20. Првото израмнување беше во 12-тата минута (24-24, а првото водство Македонија го имаше во 16-тата (30-28). На одмор жолто-црвените заминаа со пет поени предност (37-32).
Најголемата предност на имаа нашите кошаркари кои во третиот период водеа со шест разлика (48-42). Во последниот период македонските јуниори влегоа со позитива 52-49. Во последниот период двете селекции имаа голем број на изгубени топки, па таквата „нервозна“ игра со мал број на поени резултира со нерешени 62-62 и продолжение.
До дополнителните пет минути подобро се снајдоа напите кошаркари и го добија периодот со 11-01 , а натпреварот со конечни 73-63 .
Никола Јаничиќ со 27 поени беше прв стрелец на натпреварот, воедно и единствен двоцифрен во нашата репрезентација.
Утре во вториот натпревар на првенството македонските јуниори ќе играат против против фаворитот БиХ кој денеска го победи Кипар со 97-44.