Женската млада репрезентација на Македонија за одбојкарки до 20 години, попладнево ќе го заврши настапот на Балканското првенство. Македонските одбојкарки во последното петто коло на Балканијадата во Тирана, ќе играат со првопласираната селекција на Турција.
По вчерашниот пораз од Бугарија (0-3), Македонија е последно рангирана без освоен бод.
Затоа пак Турчинките кои ја победија Србија со 3-1 се убедливо први и повеќе од јасно ќе бидат Балкански шампионки. Тие во четирите меча загубија само еден сет, а нашите младинки освоија само еден.
Оттаму повеќе од предвидлив е исходот на попладневниот мечот што ќе почне од 15 часот.