Фудбалерите на Струга Трим Лум, во среда ќе го играат првиот меч во Конференциска лига.
Откако Македонскиот првак беше елиминиран од Лигата на шампионите, продолжува во Конференциска лига.
Стружани во второто квалификациско коло ќе играат против Пјуник.
Доколку го минат ерменскиот тим во следната рунда би играле со противник ,,по мерак”.
Имено денешната ждрепка за 3.коло на стружани им го донесе за можен противник подобриот од дуелите Дифедарданж (Луксембург) и Ордабаси (Казахстан).
Натпреварите од третата рунда се закажано за 8 и 15 август.
Првиот меч од 2.коло меѓу Струга ТЛ и Пјуник ќе се игра во среда во Охрид од 17 часот.