Македонската младинска машка ракометна репрезентација, која настапот на ЕП и го освои 9 место, по пристигнувањето во Скопје се сретна со министерот за спорт, Борко Ристовски.
Поранешниот легендарен ракометен репрезентативец, а сега министер, го истакна своето задоволство и упати искрени честитки до младинците, стручниот штаб и Федерацијата.
„Горди сме на нашите млади спортисти и нивниот успех, кој е резултат на напорната работа, посветеност и тимска игра.
Честитки момци, продолжете да го следите вашиот пат кон успехот и да го носите македонското знаме со гордост“,
истакна Министерот, Ростовски.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов упати благодарност за севкупниот учинок на ова првенство на ракометните надежи и стручниот штаб. Тој потенцира дека приоритетите на РФМ ќе останат со истиот фокус
„Системското работење со сите младински репрезентативни категории, за достојно претставување на македонскиот ракомет и создавање идни македонски ракометни репрезентативци“, изјави Мукаетов.