Младата женска репрезентација на Македонија за одбојкарки до 20 години, попладнево ќе го одигра вториот натпревар на Балканијадата во Тирана.
Избраничките на селекторот Александар Митев денеска играат против селекцијата на Србија која важи за главен фаворит за златниот медал.
Србинките во првиот меч лесно и убедливо во три сета ја победија Бугарија, додека нашите младинки одиграа тежок натпревар против Црна Гора (1:3).
Покрај овие четири селекции и домашната Албанија, на првенството играат и младинките на Турција.
Потсетување, дека сите репрезентации ќе одиграат меѓусебно (вкупно пет натпревари) по што ќе биде одреден конечниот пласман.
Натпреварот меѓу Македонија и Србија ќе почне во терминот од 17.30 часот, а ќе можете да го следите (гледате) ВО ЖИВО ОВДЕ.