Младите македонски ракометари завршила како деветти на Европското првенство за играчи до 20 години. Да имаа малку среќа, да не ги „крадеа“ судиите на дуелот со Австрија, сигурно дека младите македонци ќе се бореа и за медал.
Тоа избраниците на Радослав Стојановиќ го потврдија на сите одиграни натпревари.
Особено забележливо беше на денешниот последен натпервар сои дуелот против „големата“ Франција. Им се реваншираа на триколорите за едеинствениот пораз на најубав можен начин.
Дамјан Субашпевски со гол на 11 секунди пред крајот и Иван Галевски со одбранетиот седмерец ја потврдија победа.
Но, нема да ги издвоиме само нив двајца, туку целиот тим кој беше дел од ова првенство, а предводен од селекторот Стојановиќ.
Оваа генерација следната година ќе игра на Светското првенство за ракометари до 21 година.
БРАВООООО МОМЧИЊА …