Македонските млади одбојкарки го претрпеа и вториот пораз на Балканскиот шампионат во Тирана. На првенството за одбојкарки до 20 години, а во дуелот од 2.коло, Македонија загуби од Србија до 0:3 во сетови.

Нашите млади одбојкарки беа конкурентни до средината на првиот сет (13-14). Во продолжението освоија само четири поени и го загубија сетот со 17-25.

Иста слика и во вториот сет во кој дури имавме и предност, за на крајот жолто-црвените да освојат 20, а противничките 25 поени.

Во третиот сет Србинките рано резултатски се одлепија, па и тој сет го решија во своја полза со 25-15.

За Србинките кои важат за главни фаворитки за златото ова беше втора победа, а за Македонија втор пораз.

Утре нашите младинки ќе играат против домаќинот Албанија во вечерниот термин од 20 часот.

  • fudbal sp francija
  • sport+ logo
  • Real MAdrid FIFA World Clup Cup 2022