Младата женска одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз го почна Балканско првенство. На шампионатот за одбојкарки до 20 години, во Тирана, Албанија, селекцијата на Македонија загуби од Црна Гора со 1:3.
Во првиот сет Црногорките брзо создадоа голема предност и поведоа со 5-13. Таквата негатива беше недостижна на запнете одбојкарки кој го загубија сетот со 10-25.
И вториот сет правникот подобро го отвори. Имаа и четири поени предност Црногорките. Сепак нашите јуниорки во овој сет покажаа голема борбеност се вратија во игра. Го добија сетот со 25-23 и израмнија на 1:1.
Третиот сет безмалку идентичен како и првиот. Црна Гора направи осум поени предност (4-12), која ја задржа до крајот на сетот (17-25), за водство од 1:2.
Нашите одбојкарки влегоа фантастично во четвртиот сет имаа водство со 8-4 и 10-5, но тука застанаа. Црна Гора стигна до израмнување (11-11), а потоа го презеде и водството. Таа шанса црногорските јуниорки не ја испуштија, го добија сетот со 21-25, а мечот со 1:3.
Утре во истиот термин (17.30 часот) македонските јуниорки ќе играат против Србија.