Возачите на Мекларен го запоседнаа првиот стартен ред на утрешната 13-та трка во Формула 1 шампионатот, што ќе се вози за големата награда на Унгарија.
Ландо Норис оствари најбрзо време на денешните квалификации возени на патеката „Хунгаро ринг“ крај Будимпешта.
Британецот утре ќе ја има првата стартна позиција, а веднаш зад него ќе биде неговиот тимски колега Австралиецот, Оскар Пјастри.
Во вториот стартен ред ќе бидат Макс Верстапен од Ред Бул и возачот на Ферари, Карслос Сајнц.
Во пресрет на утрешната трка лидер во генералниот поредок е актуелниот шампион Макс Верстапен со 255 бодови. Холанѓанецот има дури 84 повеќе од Норис.
Распоредот на стартот закажан за 15 часот „ветува“ интересна трка на унгарското Град-при.