Пливачите Ева Петровска и Никола Ѓуретановиќ ќе настапат на ЛОИ
Македонската делегација на Летните олимписки игри од денеска брои седуммина спортисти. Ова откако двајца македонски пливачи добија т.н. вајлд-кари.
Станува збор за Ева Петровска и Никола Ѓуретановиќ, ова го потврдија од Пливачката федерација на Македонија.
Прв ќе настапи 16-годишпниот Никола Ѓуретанивиќ и тоа на 27 јули во трката од 400 метри слободно, додека Ева Петровска ќе плива на 800м. слободно на 2 август.
Македонски спортисти на ЛОИ во Париз 2024
Дарио Ивановски – атлетика
Милјана Релјиќ – таквондо
Анастасија Мојсовска – спортско стрелаштво
Владимир Егоров – борење
Еди Шерифовски – џудо
Ева Петровска – пливање
Никола Ѓуретановиќ – пливање
Олимписките игри во Париз почнуваат за 14 дена, односно на 26 jули, а ќе траат до 11 aвгуст.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА