Младинската машка репрезентација на Македонија за ракометари до 230 години со победа го започна Европското првенство.
На шампионатот што се одржува во Цеље, Словенија, македонските младинци беа подобри од врсниците од Црна Гола, Во дуелот од 1.коло на А групата Македонија славеше со 31-21.
Уште од самиот старт избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ покажаа колку се желни за победа. Од минута во минута предноста на нашите надежи растеше и на крајот славеа со убедливо 10 голови разлика.
Узунчев со осум постигнати голови беше нашиот најефикасен репрезентативец, додека Калајџиески и Субашевски постигнаа по пет гола.
Утре, Македонија за противник ќе го има ривалот за првата позиција Хрватска.