По вчерашната обнова на договорите со браќата Дамјан и Војдан Стојановски, од таборот на македонскиот шампион МЗТ Скопје го промовираа првото странско засилување. Американецот, Брандон Слај (27 год, 178 см) средната сезона ќе го носи сино-белиот дрес на МЗТ.
Станува збор за искусен бек-шутер со петгодишно европско искуство и двоцифрен поентерски просек во секоја од екипите за кои настапувал. Тој добро ги знае приликите во регонот, со оглед што минатата сезона ја мина во дресот на Подгорица. Слај претходно одигра две години во Грузија во екипите на Вера и Тбилиси, а потоа беше дел од романскиот тим Таргу Жиу и фински КТП баскет.
Актуелен договор со МЗТ Скопје Аеродром имаат Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.