Шампионот Струга Трим Лум е првака македонска екипа која летово ќе настапи на европската фудбалска сцена. Стружани ги очекува дуелот со словачкиот Слован Братислава во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Новиот тренер на Струга, Ќатип Османи вели дека сработеното во подготвителниот период му дава за право да верува дека тимот е подготвен за предизвикот.
„Во подготвителната фаза, одигравме и некои пријателски натпревари чија цел беше физичка подготовка на екипата. Генерално, задоволен сум од залагањето на фудбалерите.
Што се однесува до пријателските натпревари, ги увидовме грешките кои се појавуваат сами од себе поради замор и период не толку погоден за фудбалски натпревари. Драго ми е што играчите дадоа максимум, без воопшто да го намалат интензитетот на работа.
Сето ова само нé прави подобро поподготвени да го чекаме дуелот со Слован Братислава“, истакна Османи.
Стружани летово донесоа неколку искусни фудбалери во своите редови со кои ќе се обидат да остана што е можно повеќе на европската сцена. Нив во најмала рака ги очекуваат четири натпревар. Доколку не успеат да го минат Слован во Лигата на шампионите, ќе продолжат во квалификациите за Конференциската лига. Таму би играле со победникот од дуелот меѓу белорускиот Динамо Минкс и Пјуник од Ерменија.
Натпреварот меѓу Слован и Струга ТЛ ќе се игра игра в среда, во Братислава со почеток од 19 часот.
Ден подоцна, во Конференциската лига, првите натпревари ќе ги играат фудбалерите на Тиквеш и Шкендија.
СТРУГА ТЛ – СЛОВАН | ЛИГА ШАМПИОНИ