Фудбалските возбудувања полека кулминираат, а по двете континентални првенства светот ќе биде фокусиран на Летната олимпијада во Париз.
Иако до стартот на најголемиот светски спортски настан има уште 20 дена, сепак и во овие моменти се води голема олимписка борба.
А, тоа во квалификациите за пласман на машкиот олимпискиот кошаркарски турнир.
Денеска се играат полуфиналните натпревари на четирите квалификациски турнири од кои само победниците ќе обезбедат настап на Олимпијадата во Париз.
Дербито во оваа рунда ќе се игра на Пиреја, каде домашната Грција за противник ја има Словенија. Тоа значи дека, олимпискиот турнир ќе биде посиромашен за една супер ѕвезда. Лука Дончиќ или Јанис Антетокумпо, еден од нив ќе остане без настап на Олимпијадата во Париз.
Олимписки игри – Квалификации – полуфинале
Пиреја
16:30 ГРЦИЈА – СЛОВЕНИЈА
20:00 ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА – ХРВАТСКА
Рига
14:30 БРАЗИЛ – ФИЛИПИНИ
18:00 КАМЕРУН – ЛАТВИЈА
Валенсија
17:30 БАХАМИ – ЛИБАН
20:30 ФИНСКА – ШПАНИЈА
Сан Хуан
22:00 ИТАЛИЈА – ЛИТВАНИЈА
01:00 ПОРТОРИКО – МЕКСИКО