Во годината во којашто беа дел од двојните зонските квалификации за Европското првенство, македонските одбојкари до 18 години (2007-ма и помлади) ќе настапат и на Балканското првенство чијшто домаќин ќе биде Тирана.

Со оглед дека организаторот се пријави во последен момент, на турнирот ќе учествуваат само четири репрезентации. Покрај Македонија, од утре до петок ќе играат и Албанија, Црна Гора и Србија.

Тоа ќе го диктира и системот на натпревари, па за разлика од другите Балканијади, секој ќе излезе на терен со секого, по што ќе биде одреден конечниот пласман.

Натпреварите на македонската одбојкарска репрезентација за играчи до 18 години предводена од селекторот Ванче Санев.

Сите натпревари на нашите млади одбојкари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

1.коло (среда, 03.07.2024)
15.30 Црна Гора – Србија
18.00 Албанија – МАКЕДОНИЈА
2.коло (четврток, 04.07.2024)
15.30 МАКЕДОНИЈА – Србија
18.00 Албанија – Црна Гора
3.коло (петок, 05.07.2024)
15.30 Црна Гора – МАКЕДОНИЈА
18.00 Србија – Албанија

СЕ ЗА НАСТАПОТ НА МЛАДИТЕ МАКЕДОНСКИ ОДБОЈКАРИ