Кошаркарките, предводени од селекторот Горан Крстевски денеска во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, го одработија првиот ден од подготовките за Евробаскетот. Македонските јуниорки ги чека настап во Б дивизијата за кошаркарки до 18, на првенството во романскиот Плоешти, од 2 до 11 август.
Согласно планираното, првата фаза од подготвителниот период ќе биде реализирана во Скопје во наредните 20-тина дена. Првите контролни дуели ќе се играат на гостински терен во БИХ. Постои можност, претходно да биде одигран и контролен натпревар против репрезентација на Албанија.
Селекторот Крстевски подготвителниот период ќе го започне со 21-на кошаркарка кои се во конкуренција за настапот на шампионатот во Романија.
Список на кошаркарки
- Ана Ангеловска – Патриот 2016
- Ива Дојчинова – Тим Арена
- Ива Колева – Тим Арена
- Ана Иветиќ – Тим Арена
- Бојана Николиќ – Вардар
- Јана Пислевска – Вардар
- Теа Трајковска – Вардар
- Ања Начевска – Вардар
- Мартина Џангаровска – Вардар
- Мила Начевска – Вардар
- Теодора Мариновска – Вардар
- Ангела Тасовски – Вардар
- Дора Алексовска – Бадел 1862
- Ана Сарафиловска – Бадел 1862
- Зара Стојковска – Бадел 1862
- Јована Димковска – Бадел 1862
- Ива Згонц – Бадел 1862
- Вања Милосављевиќ – Бадел 1862
- Дарија Панкова – Бадел 1862
- Милица Николиќ – Врбас, Србија
- Мила Ќолчевска – Баскет Алжеро, Италија
- Душица Мицева – Пробаскет