Репрезентацијата на Шпанија ја оствари и четвртата победа на Европското првенство во Германија, Шпанците со голем пресврт ја совладаа Грузија и обезбедија место во четвртфиналето.
На натпреварот одигран во Келн популарната „црвена фурија“ славеше во дуелот со најпријатното изненадување Грузија со 4-1.
А, натпреварот за дебитантот Грузија започна одлично. Во 18-тата минута по акцијата на Кварацкелија, несреќно топката ја зафати Робин Ле Норманд и си постигна автогол.
Тоа како да ги разлути шпанските фудбалери, па притиснаа уште повеќе кон голот на Грузија. Искусниот Родри со прецизен удар од 20-тина метри во 39.минута го израмни резултатот на 1-1.
По шест минути игра во вториот дел (51), по Ламин Јамал со прекрасен центаршут го пронајде Фабијан Руиз за водство на Шпанија од 2-1.
Во 74-тата минута Шпанците и трет пат ја затресоа грузиската мрежа, но поради офсајд тој гол не беше признат. Но затоа само минута подоцна, по брзата контра голот на Нико Вилијамс беше регуларен за водство од 3-1. Но, тука не беше крајот на „голеадата“ на Шпанците, бидејќи Дани Олмо во 83.минута го постигна четвртиот гол за „црвената фурија“.
Така Шпанците се изборија за четврфинале во кое за противник ќе го имаат домаќинот Германија. Првиот четвртфинален пар го сочинуваат Англија и Швајцарија.
Натпреварите ќе се играа на 5 и 6 јули во Штутгарт и Берлин.
euro 2024 Bracket by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА