Репрезентациите на Аргентина и Канада ги освоија првите две места во А групата, а со тоа го потврдија пласманот во четвртфиналето на Копа Америка.
Аргентинците ја остварија и третата победа совладувајќи го Перу со 2-0. Стрелец на двата гола за Гаучосите беше фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез.
Во вториот натпревар што директно решаваше за 2.место Канада и Чиле одиграа без голови 0-0.
Со освоениот бод, а два повеќе од Чилеанците фудбалерите на Канада си обезбедија место меѓу осумте најдобри.
Ноќеска ќе се играат дуелите од последното коло од Б групата од која Венецуела е веќе четвртфиналист. Кој ќе и се приклучи директно ќе решаваат Мексико и Еквадор.