Женската младинска репрезентација на Македонија како шеснаесетта го заврши настапот на СП за ракометарки до 20 години што се одржува во Скопје.
Македонските ракометарки во дуелот за 15 место се поразени од Кина со 23-25.
Во првото полувреме македонските ракометари беа подобри. На противничките им дозволија само во два наврати да имаа предност, а на пауза заминаа со гол позитива 12-11.
Во вториот дел Македонија имаше и најголеми +3 14-11, но тука подзастанаа. Гостинките од Кина направија низа од 7-2 на на средината на вториот дел поведоа со два гола предност. Таа предност знаеја кинеските ракометарки да ја сочуваат и на крајот да слават со конечни 25-23. Најефикасна од нашата репрезентација беше Емилијана Ризоска со десет погодоци.
Што се однесува до натпреварите за највисок пласман, денеска ќе се играат полуфиналните дуели.
Во нив, од 18 часот ќе играат Холандија и Унгарија, а од 20.30 часот на програмата е дуелот Франција – Данска.
Ивона Кимовска