Македонската младинска репрезентација на Македонија за ракометари до 20 години и по втор пат славеше победа против врсниците од Грција. Откако вчера во првиот тест натпревари во Верија, Македонија ја совлада Грција со 28:24, денеска црвено-жолтите беа уште по убедливи.
Избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ доминираа во текот на целиот меч. Победата младите Македонци ја најавија утре во првото полувреме кое го добија со 13-10. Во вториот дел разликата само ја зголемуваа, па на крајот македонските младинци славеа со осум волови разлика 27-19.
Селекторот Стојановиќ на овие два натпревари, како и следните со Словачка (5 и 6 јули), може да види до каде е со сработеното во подготовките на македонските младинци за настап на Европскиот шампионат во Словенија. Воедно ќе се Стојановиќ со неговите соработници ќе работи со ракометарите на тактичкиот дел за настапот на континенталното првенство.
На првенството што ќе се игра од 10 до 21 јули, Македонија за противници ќе ги има Хрватска, Црна Гора и Австрија.