Никоj не веруваше дека Брони Џејмс синот на легендарниот Леброн е подготвен да игра во НБA лигата. Но, тоа ќе се случи тоа тоа за прв пат во историјата татко и сон ќе играат заедно.
Имено Брони Џејмс беше избран со 55-ти пик на НБА драфтот од тимот на Лос Анџелес Лејкерс.
По изборот на „Езерџиите“ дојдоа и бројните коментари дека ова беше посакувано сценариото во НБА лигата. Па и тоа се случи, таткото и синот да играат во ист тим. Ова ќе биде исклучително голем маркетиншки потег сметаа добро упатените во НБА лигата.
Минатата сезона Брони играше на Универзитетот во Јужна Калифорнија каде забележа скромни 4,8 поени и 2,8 скока во 25 натпревари. Многумина веруваат дека тој нема квалитет за најсилната лига во светот, но времето ќе покаже.