Женската младинска репрезентација на Македонија испушти шанса да се радува на нова победа, па одигра „реми“ со Португалија. Во натпревар од втората фаза од Светското првенство за ракометарки до 20 години во Скопје, Македонија и Португалија одигра нерешено 28:28.
Во израмнетото прво полувреме ниту една од репрезентациите не успеа да создаде поголема предност од два гола. На паузата Португалија замина гол позитива 14:13.
Гостинките на стартот на втори одел имаа два плус (15:13), но нашата репрезентација со серија 3-0 успеа да израмни, па поведе со 16:15. Македонија во 45-тата минута ја имаше и најголемата предност со четири гола 23:19.
Сепак, во самиот финиш напите младинки подзастанаа, им дозволија на противничките со серија од три гола да израмнат 28:28. Во последните 30 секунди црвено-жолтите имаа и напад за ново водство но не го искористија па на крајот двете селекции освоија по еден бод.
Со девет гола Сара Стефаноска беше најефикасната ракометарка во нашата селекција за која Борјана Коцева постигна пет гола. Одлична на голот беше Матеја Чурлиновска кој оствари 19 одбрани.
За Португалија тоа е вкупно трет во втората фаза, а за Македонија прв. Со троа шансите за пласман во четвртфиналето на нашата селекција е сведена на теорија.
За да се исполни тоа, Црна Гора попладнево ќе треба да ја совлада селекцијата на Исланд, а утре нашите младинки да бидат подобри од Црногорките.
Ивона Кимовска