Женската младинска репрезентација на Македонија ја оствари втората победа во првата фаза на Светското првенство за ракометарки што се одржува во Скопје. Македонија славеше убедлив триумф против репрезентацијата на Анголасо 28:24 се пласираше во ТОП 16.
Двете селекции влегоа одлично на натпреварот па во првите десет минути се играше нерешено. Во неколку наврати нашата репрезентација успеваше да поведе но, Ангола веднаш израмнуваше. Македонија во 17-тата минута со серија 3-0 успеа да поведе со 10:7. Нашата репрезентација успешно ја одржуваше оваа предност. На полувреме Македонија замина со позитива од 13:11.
Во втората половина нашата репрезентација одигра поквалитетно па имаше и целосна контрола на резултатот.
Во 40-тата минута од втората половина црвено-жолтите со серија 7-0 успеаја да поведат со 19:12. Репрезентацијата на Ангола се обиде да ја намали негативата но, Македонија беше незапирлива и само ја зголемуваа предноста. Па така во 51-та минута тие успеаја да поведат со +8 (26:18). До крајот тие само ја одржуваа оваа разлика, а конечниот резултат гласеше 28:24.
Во следната фаза македонските младинки ќе играат во новоформираната група, против Португалија и Црна Гора. Прв противник на Македонија во втората главна фаза е селекцијата на Португалија на 24 jуни.
Ивона Кимовска