Кадетската женска одбојкарска репрезентација на Македонија попладнево ќе го одигра последниот натпревар на Балканијадата.
Младите Македонки, настапуваат на Балканското првенства во Тирана, за одбојкарки до 18 години.
Откако групната фаза ја завршија како третото рангирани, (победа над Албанија, порази од Бугарија и Романија), тие сега ќе играат за петтото место во конечниот поредок.
Сега за нив останува дуелот за петтото место против Црна Гора која беше трета во Б групата.
Дуелот меѓу Македонија и Црна Гора ќе почне во 12 часот.