Репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на Балканскиот шампионат за одбојкарки до 18 години, што се одржува во Тирана, Албанија.
Македонските кадетки во натпревар од 23,.коло на А групата попладнево загубија од Бугарија со 3:0 во сетови. Во првите два сета црвено-жолтите освоија по 14, а во третиот три поени помалку, (25-14, 25-14, 25-11).
Со два порази и победа над Албанија во 1.коло, македонските кадетки завршија како трето пласирани во својата група.
Сега за нив останува дуелот со Црна Гора, за петтото место во конечниот поредок со третиот пласираната селекција од Б групата.
Тој натпревар на програмата е во сабота (15.30 ч.) за кога се закажани и дуелите за медал.