Македонските претставници во Конференциската лига, Тиквеш и Шкенднија, ги дознаа можните противници за второто квалификациско коло.
Кавадарчани немаа среќа за првата рунда. Тие го добија исландскиот Бреидаблик. Доколку ја минат оваа „пречка“ фудбалерите на Тиквеш во следна (втора) рунда би играат против Дрита од Косово.
Шкендија за прв ривал го доби Ноах од Ерменија. Тетовчани имаат големни шанси да ја минат оваа фаза, па во следната би се судриле со Слиема Вондерес од Малта. На првиот натпревар тетовци би гостувале.
Првото коло од квалификациите за Конференциската лига е закажано за 11 и 18 јули.